САКАЛ ДА ГИ УБИЕ АНГЕЛА МЕРКЕЛ И ОЛАФ ШОЛЦ Врбувал атентатори, собирал донации во криптовалути за да ги плати убиствата

Мартин С. е уапсен синоќа во Дортмунд под сомнение дека управувал со платформата која нудела парични награди во криптовалути за убиства, објави германското обвинителство.

225

Германската специјална полиција го уапси Мартин С. (49) затоа што на дарк нет водел платформа за ликвидации, а цел на ликвидациите биле поранешните германски канцелари Ангела Меркел и Олаф Солц.

Тој се соочува со обвиненија за тероризам.






Мартин С. е уапсен синоќа во Дортмунд под сомнение дека управувал со платформата која нудела парични награди во криптовалути за убиства, објави германското обвинителство.

Според обвинителите, Мартин С. од јуни води анонимен форум наречен „Политика на атентат“, на кој објавил список на повеќе од 20 цели за убивање, меѓу кои и поранешните германски канцелари Олаф Солц и Ангела Меркел.

Федералните власти го товарат за финансирање тероризам, поттикнување сериозни акти на насилство против државата и за ширење лични информации на начин што ја загрозува безбедноста на државата.

Осомничениот, кој има германско и полско државјанство, е под надзор на властите од 2020 година за учество во протести против мерките за време на пандемијата на коронавирусот, според обвинителството.

Мартин С. (49) наводно собирал донации во криптовалути за финансирање платени убијци и објавувал упатства за производство на експлозиви, се наведува во обвинението. Како што објави германскиот јавен сервис АРД, повикувајќи се на безбедносни извори, човекот е поврзан и со екстремно десничарското движење Рајхсбиргер.

Името на платформата доаѓа од есеј на американскиот антивладин активист Џим Бел од 1990-тите, во кој се опишува идејата за анонимен пазар за финансирање на политички атентати. Истрагата била потпомогната од Федералната служба за заштита на уставниот поредок, чии информации довеле до апсењето, објавија истражителите.

Операцијата ја спроведе ГСГ 9, елитна германска единица за борба против тероризмот.

Осомничениот ќе се појави пред истражниот судија во среда.

Поврзани содржини