🎥 📷 НЕМА КОЈ НЕ ДОЈДЕ НА ЖУРКА КАЈ БЕЗОС, ПА И ПОЛИЦИЈАТА Еве зошто му затропа на врата
Принцот Хари и Меган Маркл, Мараја Кери, Адел, Опра Винфри, Парис Хилтон и многу други се забавуваа до зори во чест на Крис Џенер, мајката на Ким Кардашијан.
Реалити ѕвездата Крис Џенер минатиов викенд го прослави својот 70-ти роденден во палатата на милијардерот Џеф Безос, нејзин близок пријател, кој се обудува повеќе да се социјализира во круговите на џет-сетот и медиумските ѕвезди.
Но забавата во вилата на Безос, вредна 165 милиони долари во Беверли Хилс, изгледа дека била премногу бучна дури и за холивудски стандарди. Гласната бучава и изведбата во живо на Бруно Марс, кој беше дел од програмата и изненадувањата за роденденот успеале сериозно да ги вознемират соседите на Џеф Безос и неговата сопруга Лорен Санчез. Како резултат на тоа, полициските патроли го посетиле луксузниот имот не еднаш, туку три пати, објави Дејли Меил.
Полициските службеници разговарале со обезбедувањето во палатата и ги предупредиле, но кратко потоа, тие повторно се вратиле на местото затоа што била блокирана улицата пред имотот.
Нема информација дали на Безос му била изречена казна, но дури и тоа немало да ја расипе забавата во куќата на милијардерот, на која присуствувале десетици познати личности.
Принцот Хари и Меган Маркл, Мараја Кери, Адел, Опра Винфри, Парис Хилтон и многу други се забавуваа до зори во чест на Крис Џенер, мајката на Ким Кардашијан. На ѕвездите посебно им се допаднало тоа што можат да се забуваат далеку од очите на јавноста и на љубопитните папараци. Сепак, некои од гостите сами споделија фотографии на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
OMG Bruno at Kris Jenner party pic.twitter.com/UdRr57UuzY
— Bitzen (@Abirtzen) November 10, 2025
View this post on Instagram