ЃУБРЕТО ВО СКОПЈЕ БЕШЕ ПОЛИТИЧКА СТРАТЕГИЈА НА ОПОЗИЦИЈАТА Сакаа да ѝ наштетат на Владата, ама ние сега со Ѓорѓиевски тргнавме нагоре, порача Мицкоски
Навистина делува смешно, јас ве разбирам и јас би се насмеал понекогаш на сето ова што го зборуваме, но за жал, сме доведени во една ваква ситуација, вели премиерот Христијан Мицкоски во врска со акцијата за истење на ѓубрето во Скопје.
Ние се доведовме во 21. век да зборуваме за елементарни работи и тоа делува комично, но некои работи мора да се направат, рече денеска премиерот Христјан Мицкосски.
Тој одговараше на новинарско прашање да ја коментира акцијата за чистење на Скопје од насобраното ѓубре, што синоќа ја почна новоизбраниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
– Ѓорѓиевски, како што најавуваше и во предизборната кампања, успеа во рекордно време да ги мобилизира сите капацитети. Им благодарам и на општествено одговорните компании кои се вклучија во акцијата. Вчера беше една навистина убава, рoбусна акција, и ако ништо друго, денеска контејнерите се празни, нема прелевање на жубрето како во минатите денови. Навистина делува смешно, јас ве разбирам и јас би се насмеал понекогаш на сето ова што го зборуваме, но за жал, сме доведено во една ваква ситуација – рече премерот.
Тоа беше политичка стратегија на опозицијата, додаде Мицкоски.
– Тоа беше стратегија, преку неработењето на претходната градоначалничка да се нанесе штета, пред сè на Владата и на државата и морам да признаам дека во одредена мера успеа. Ние таа лекција ја научивме од првиот ден, ги засукаме ракавите и почнуваме од темелите или од под темелите. Така беше во Владата кога дојдовме, со долгови, така и во Градот. Така што мора да гребеме од под темелите, за да дојдеме до површината и потоа да градиме нагоре. И мислам дека тоа го прави квалитетно уште од самиот почеток новиот градоначалник. Јас сакам само да кажам дека немате во животот втора шанса за прв впечаток. Така што многу е важен првиот впечаток и мислам дека тука новиот градоначалник тоа ќе го оправда – изјави премиерот Мицкоски.