ВОЗАЧОТ ЈА УДРИЛ КОГА СЕ ОБИДЕЛА ДА ВЛЕЗЕ Жена нападната пред влез во меѓуградски автобус во Скопје

Жена од Жилче нападната од возач на меѓуградски автобус во Скопје, полицијата го истражува инцидентот и околностите.

634

53-годишната А.Ј. од село Жилче, општина Јегуновце, завчера околу 13:45 часот била физички нападната од возач на меѓуградски автобус со гостиварски регистарски ознаки.

Инцидентот се случил на автобуска постојка за меѓуградски линии на подрачјето на Центар, Скопје, при влезот во автобусот на линијата Скопје-Тетово-Гостивар.






Жртвата веднаш го пријавила инцидентот во СВР Скопје. Полицијата спроведува мерки за расчистување на случајот и истражувањето продолжува за да се утврдат причините што довеле до нападот.

Поврзани содржини