СЕ ШЕГУВАЛ ИЛИ НЕ, ДИЏЕЈ ДИПЛО ПРЕДИЗВИКА ЛАВИНА ОД РЕАКЦИИ „Излегував и со Кети Пери и со Џастин Трудо, тој е згоден тип!“
Еден од најпознатите диџеи во светот, Дипло, предизвика лавина од реакции додека гостуваше во поткастот „Smart Girl Dumb Questions“, каде што рече дека излегувал и со Кети Пери и со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо кој е сега во врска со пејачката.
„Излегував и со Кети Пери и со Џастин Трудо. Тој е згоден тип“: Познатиот диџеј шокираше со изјавата
Еден од најпознатите диџеи во светот, Дипло, предизвика лавина од реакции со неговата изјава за врската со пејачката Кети Пери и со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо.
Дипло беше гостин во поткастот „Smart Girl Dumb Questions“, каде што рече дека излегувал и со Кети и со Џастин.
View this post on Instagram
– А сега Кети Пери излегува со Џастин. Тоа е кул – вели тој, на што водителката Најема Раза додава:
– Познавам многу луѓе кои, на некој начин…
– Излегувале со Кети Пери, како мене? – ја прекина Дипло и додаде: „Да.“
– Мислев на Трудо – рече водителката, а диџејот одговори: „И јас излегував со Трудо. Но, тоа беше чудно“, рече тој и објасни дека тоа е невообичаено за него бидејќи „не го привлекуваат политичари“.
– Мислам дека е згоден – рече Раза, а Дипло додаде: – На некој начин е згоден.
Неговите изјави предизвикаа дебата на социјалните мрежи, а водителката подоцна објасни дека диџејот само се шегувал кога рекол дека излегувал и со Трудо и со Пери.
Дипло и Кети никогаш не ја потврдија, ниту ја негираа нивната наводна романса.