ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ ВО АЕРОДРОМ Ветува дека ќе ја оправда довербата

Голема победа во Аеродром со 18.000 гласа. Благодарам за можноста што ми ја дадовте – напиша Митески.

405

Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ прогласи голема победа во скопската општина Аеродром, освојувајќи речиси двојно повеќе гласови од неговиот противкандидат од СДСМ Александар Трајковски.

„Голема победа во Аеродром со 18.000 гласа. Благодарам за можноста што ми ја дадовте! Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба! Уште утре почнуваме со работа да го направиме Аеродром место на кое сите ќе се гордееме!“ – напиша Митевски на социјалната мрежа Фејсбук.






Поврзани содржини