ГЕРАСИМОВСКИ ЈА ПОТВРДИ ДОВЕРБАТА Втор мандат за градоначалникот на Центар

По фер и демократските избори, актуелниот градоначалник освои втор мандат и ветува продолжување на чесното и транспарентно работење во општина Центар.

965

Актуелниот градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски од СДСМ, вечерва прогласи победа и преземање втор мандат, откако го победи противкандидатот Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ. Победата, како што истакна Герасимовски, е резултат на четиригодишна посветена работа и континуирана комуникација со граѓаните.

– Денеска победи прогресивното, слободното, модерното, чесното работење на фер демократски и слободни избори. Да те изберат двапати за мене е најголема чест, а воедно и огромна обврска. Победивме зошто работевме 4 години, а не само 30 дена. Комунициравме со граѓаните, обединувавме, имавме јасен пат и се водевме од принципи, а не од дневни политики – рече Герасимовски.






Според Државната изборна комисија (ДИК), со обработени 94,87% од гласовите (74 од 78 избирачки места), Герасимовски освои 52,72% или 10.429 гласа, додека Лабудовиќ доби 38,31% или 7.578 гласа.

Герасимовски потенцира дека неговата цел останува општината да биде сервис за граѓаните, да се продолжи со модернизација, дигитализација и создавање поволни услови за секојдневниот живот во Центар.

Оваа победа ја потврдува довербата на граѓаните во неговото раководство и го означува почетокот на нови четири години посветени на транспарентно и чесно работење во општината.

Поврзани содржини