ЦЕЛ ПРИЛЕП ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА Делови од Битола и Кавадарци исто така погодени

Цел град Прилеп, делови од Битола и Кавадарци останаа без струја поради дефект на 110 КВ далновод, екипите на ЕВН работат на терен за што побрзо нормализирање.

928

Поради дефект на 110 КВ далновод, во моментот без електрична енергија е цел град Прилеп, потегот на селата кои гравитираат кон Битола и дел од селата во Општина Кавадарци, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Екипите на ЕВН веднаш се на терен и работат на отстранување на дефектот, а од ЦУК информираат дека се преземаат сите мерки за што побрзо враќање на електричната енергија во погодените населби.






Граѓаните се повикуваат на трпение и да ги следат официјалните информации од ЦУК и ЕВН за текот на работите и очекуваното време на нормализирање на снабдувањето.

Поврзани содржини