УАПСЕН ТЕТОВЕЦ КОЈ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА НОВИНАРКА Приведен 49-годинишник по објавите со закани на социјалните мрежи
Полицијата во Тетово го уапси 49-годишниот Ф.Р., кој на социјалните мрежи упатувал сериозни закани кон новинарката Л.В.Т. и уште неколку лица. Случајот е целосно документиран и против него ќе биде поднесен поднесок.
Полицијата во Тетово уапси 49-годишен жител на градот поради закани упатени кон новинарка на социјалните мрежи, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, на 29 октомври 2025 година, околу 12:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Р. (49) од Тетово, откако претходно истиот ден, во 10:45 часот, бил пријавен од новинарката Л.В.Т. (34) од Тетово.
Според пријавата, Ф.Р. на социјалните мрежи објавувал статуси со сериозни закани по животот на новинарката и уште неколку други лица.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека осомничениот е задржан во полициска станица во Тетово, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.
 
			