ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ Играта е забава, не ризик!

34

Видеолотарија Касинос Австрија, како општествено одговорна компанија, континуирано ги едуцира играчите за опасностите што може да ги предизвика прекумерното играње игри на среќа. Нивната цел е зголемување на јавната свест за ризиците и промовирање на одговорно однесување при играње.

Со постојани активности за информирање и поддршка, компанијата нагласува дека играта треба да остане само забава. Посветени сме на воспоставување високи стандарди за одговорно приредување игри на среќа, со јасна цел намалување на ризикот кај сите играчи, особено кај ранливите групи.






– Под слоганот „Играј одговорно“, во 2019 година го формиравме СОС тимот, прв од ваков вид во земјава. Истата година беше активирана и СОС линијата – со телефонска и електронска поддршка преку е-пошта. Зад линијата стои тим од стручни психолози и советници, подготвени да понудат помош и насока. Дополнително, Видеолотарија Касинос Австрија отвори советувалишта во Скопје, Куманово и Прилеп. Компанијата е носител на европскиот сертификат за одговорно приредување игри на среќа од Европската асоцијација на лотарии – признание за долгорочната заложба кон одржливо делување, поддршка на спортски, образовни и културни проекти, како и заштита и едукација на играчите – велат од компанијата.

Оттаму потсетуваат дека треба да се игра одговорно и дека право на учество имаат само лица над 18 години.

 

Поврзани содржини