ДИВАТА ВЕТИ НОВО МУЗИЧКО ИСКУСТВО СО БЕНД И СО ГУДАЧКИ КВАРТЕТ Калиопи најави три акустични концерти во Филхармонија

Очекувам дека Филхармонија сите три вечери ќе биде исполнета со многу луѓе и емоции, љубов и по некое плачење, вели Калиопи.

803

Многу емоции и изненадувањА вети Калиопи за претстојните акустични концерти во Скопје, кои се закажани на 14 ноември, 6 и 7 декември во Македонска филхармонија.

– Не кажувам со кои песни, колку песни, очекувам публиката да се изненади од новите акустични концерти, во организација на „Прагма“ со кои соработувам веќе година и пол. Ветувам ново музичко искуство со бендот и гудачки квартет на сцената – изјави денеска на прес-конференцијата поп-ѕвездата Калиопи.






За неа, како што рече, е најважна публиката и енергијата што ја црпи од неа, без разлика во колкав број е таа.

Секогаш, вели Калиопи, ми е важна интеракцијата со публиката, без разлика дали е на интимен простор или на стадион.

– Очекувам дека Филхармонија сите три вечери, ќе биде исполнета со многу луѓе и емоции, љубов и по некое плачење, кое нема да биде од тага, туку од среќа – рече Калиопи.

Кристијан Ристевски, првиот човек на „Прагма продукција“ истакна дека првиот концерт е веќе распродаден, а другите два се пред распродавање. Тој очекува дека ќе има уште еден, четврти концерт, и оти се чека слободен термин од Филхармонија, што најверојатно ќе биде во декември.

Калиопи денеска ја најави и новата песна која ќе ја промовира во четврток во Белград, без да открие детали.

Таа најави нов албум за 2027 година.

Поврзани содржини