УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СКОПЈЕ И НА ОРЦЕ ВО ПРВИОТ КРУГ Во Советот на Градот СДСМ е петта партија по број на советници
ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник во Советот на Град Скопје со освоени 18 советнички места или 81.735 гласови. СДСМ е петта партија со едвај 5 советнички места или 24.612 гласови во Скопје.
91.663 граѓани го направија вистинскиот избор во градот Скопје и го заокружија бројот 9 за Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ. Оваа бројка и огромна победа во градот Скопје е јасен знак дека граѓаните сакаат просперитет, проекти и работа. Од друга страна пак, нашиот директен опонент, СДСМ, освои 26.737 гласови, со што Каја Шукова е четврти избор на граѓаните во Скопје, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
И во Советот на Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник со освоени 18 советнички места или 81.735 гласови. СДСМ е петта партија со едвај 5 советнички места или 24.612 гласови во Скопје.
„Големата победа во градот Скопје во однос на СДСМ, поаѓа и од огромните победи на општините кои се дел од градот. Убедливите победи на Бети во Кисела Вода со над 10.000 разлика, Дарко во Бутел со разлика приближно 7.500 гласови, Боби во Гази Баба со победа над 10.000 гласови, во Ѓорче Петров разликата е околу 7.500 во корист на Александар, како и во Карпош, разликата во однос на СДСМ е околу 6.500 гласа за Сотир, а во Аеродром со Дејан разликата е приближно 9.500 гласови и во Шуто Оризари победа за Ерџан од 1.400 гласови разлика.
Во делот на советничките листи сме апсолутни победници, а во дел имаме и апсолутно мнозинство во општините во Скопје. Во Аеродром имаме 15 советници, во Бутел имаме 9 советници, во Гази Баба и во Кисела Вода имаме по 17 советници, во Ѓорче Петров 14 советници, во Карпош 11, а во Шуто Оризари 4“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ го слуша народот и ги реализира нивните барања.
„ВМРО-ДПМНЕ на овие избори има програма која ќе ја реализира во сите општини и градот Скопје. Ние ветуваме работа и дела, наспроти отменост, криминал, корупција и неспособност од страна на СДСМ. На 2 ноември граѓаните имаат лесен избор, а тоа е вистинскиот избор и заокружување на бројот 9. За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!“, порача ВМРО-ДПМНЕ.