„ТЕМАТА ДУИ Е ЗАТВОРЕНА ДЕНЕСКА“ Мицкоски порача дека се поразени вештачки теми за орли и зајци

Ова што е најважно е што на овие избори политиките на етноцентризам, национализам и вештачки теми за орли и зајци, и теми кои се небитни за граѓаните, се поразени. А се отвора прашањето за реформи во опозицијата, рече Мицкоски.

4,743

Темата ДУИ се затвори денеска и не треба да дозволуваме таа да биде присутна повеќе во јавноста, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на новинарско прашње вечерва на прес-конференција на која објави огромна победа на локалните избори.

– Темата за предвремени парламентарни избори веќе сум ја одговарал неколку пати. Јас кога ги одговарав тие прашања во минатото знаев дека ќе се случи ова што се случи и знаев дека таквиот тип на политика од пред четири, пет децении од минатиот век дека ќе биде поразена на овие избори и бев во право. И затоа, многупати кажував дека ДУИ и Али Ахмети ќе бидат непријатно изненадени денеска, и очигледно дека се непријатно изненадени – рече тој.






Претходно во својот говор Мицкоски нагласи:

– Воедно овие избори се и порака за ДУИ. Кога Али Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери, реков полека, смири се, почекај непријатно ќе бидеш изненаден од резултатот. Ова е тој ден. Ова што е најважно е што на овие избори политиките на етноцентризам, национализам и вештачки теми за орли и зајци, и теми кои се небитни за граѓаните, се поразени. А се отвора прашањето за реформи во опозицијата. Јас не посакувам послушна опозиција, но далеку поконцетрирана и покапацитетна од оваа којашто збори за орли и за зајци.

Мицкоски рече дека нема точна бројка на освоени гласови, но процентуално ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како што кажа, имаат освоено околу четириесет и два, три проценти од вкупниот број гласови што излегоа.

– Процентуално мислам дека имаме повеќе освоено од последните парламентарни, а многу повеќе од тие во 2021 – рече Мицкоски.

Поврзани содржини