ВМРО-ДПМНЕ ВО ВОДСТВО ВО 54 ОПШТИНИ Најнови податоци од обработени 90,62 проценти од гласовите

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во најголем број општини низ земјава, следуваат СДСМ, Вреди и ДУИ со значително помала поддршка.

3,682

Според првичните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи се во убедливо водство во првиот круг од локалните избори, со предност во 54 општини низ државата.

ДИК соопшти дека досега се обработени 90,62 проценти од гласовите, односно 3.148 од вкупно 3.474 избирачки места, што претставува речиси целосна слика за резултатите од првиот круг.






Коалицијата Вреди засега води во осум општини, додека СДСМ е во водство во седум општини. Партијата ДУИ води во пет општини, а Демократската партија на Турците во една општина.

Поврзани содржини