ЛУКРОВСКИ ГИ ПОВИКА КАРПОШАНИ ДА ГЛАСААТ ЗА НЕГО Ја обвини актуелната локална власт дека работела само за личен интерес
Не сакам лично да ве убедувам во ништо. Јас не сум човек политичар. Решив да направам нешто од општествена корист. Доколку ја делите мојата енергија, визија, подготвеност и спремност, ве молам на 19 октомври да заокружите број 9. Доколку мислите спротивно, не се лутам.
Вака им се обрати кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски на своите сограѓани, карпошани.
– Постои една стара изрека која вели, доколку не напредуваш, не значи дека стоиш во место. Ти назадуваш. Токму така се чувствував јас во последните години, и токму затоа решив да се кандидирам. Карпош е убава општина и за тоа се заслужни плејада карпошани на кои сме им благодарни низ историјата. Но, тоа не е случај со последната општинска власт која во својот мандат не стори ништо за општината, туку само за лична корист – рече тој.
Лукровски додаде дека во изминатите неколку недели се видел со многу граѓани, со експерти од сите области и посетил повеќе здруженија.
– Во Карпош ни дојдоа бројни министри од сите ресори и врз основа на тие средби ја направив нашата програма. Верувам дека во Карпош постојат луѓе, кои заедно со мене, заедно со љубов за Карпош, можат да направат многу повеќе – порача Лукровски.