СУДИИТЕ СО 2% РЕЈТИНГ ТРЕБА ДА СИ ЗАМИНАТ ДОМА, ЈАС СО ТАКОВ РЕЈТИНГ БИ СИ ЗАМИНАЛ Мицкоски најави прочистување на судско-обвинителскиот систем по изборите
Да почекаме да завршат локалните избори и ќе видите какви чекори ќе преземеме. Со 2 проценти рејтинг треба да си заминат дома, а не да бараат повисоки плати и повисок буџет, рече денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
По локалните избори ќе се знае каква акција ќе се преземе за прочистување на судско-обвинителскиот систем, рече денеска премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Судиите со 2 процента рејтинг треба да си заминат дома, порача тој.
– Да почекаме да завршат локалните избори и ќе видите какви чекори ќе преземеме. Со 2 проценти рејтинг треба да си заминат дома, а не да бараат повисоки плати и повисок буџет. Не се сите такви, да се разбереме, таму има неколкумина измеќари кои го контаминираат целото обвинителство и судство. Кога јас би имал 2 проценти рејтинг би си заминал, нема да се занимавам со ова што се занимавам – рече Мицкоски.
Премиерот и претходно во повеќе наврати најави дека ќе се спроведе решителна акција по локалните избори за прочистување на судско-обвинителскиот систем.