ГЕРАСИМОВСКИ ГИ ПОВИКА ЦЕНТАРЦИ ДА ГЛАСААТ Им вети бесплатна екскурзија на учениците од петто до деветто одделение

Кандидатот за градоначалник на Центар најави бројни капитални проекти како што се изградба на градинка со капацитет од 100 деца, изградба на дом за стари лица кадешто е предвидено вработување на 25 негователи, изградба на нов административно-граѓански објект, како и два затворени базени.

83

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ Горан Герасимовски, вчера од врата до врата со центарци дискутираше за проектите што треба да се реализираат во новиот мандат.

Тој најави бројни капитални проекти како што се изградба на градинка со капацитет од 100 деца, изградба на дом за стари лица кадешто е предвидено вработување на 25 негователи, изградба на нов административно-граѓански објект, како и два затворени базени.






– Во новиот мандат работиме за сите граѓани поеднакво, реализираме проекти за децата, за младите, за возрасните, но и за пензионерите. Воведуваме бесплатен оброк за ученици во целодневна настава, а на учениците од петто до деветто одделение им следува бесплатна екскурзија низ Македонија. За 50% ги зголемуваме стипендиите за талентирани ученици, за 50% ги зголемуваме и субвенциите за новороденче. Вложуваме и во подобар квалитет на живот на пензионерите. Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош на пензионерите со пониска пензија – вели Герасимовски.

Герасимовски истакна дека на 19 октомври победува концептот „За Центар што го сакаме“ затоа што развојот на Центар мора да продолжи.

– Поддршката од граѓаните е голема, во изминатите четири години направиме многу за нашата општина. Реализиравме над 90% од програмата. Денес, Центар е нова и успешна приказна која мора да продолжи да се развива по победата на локалните избори. Ги повикувам сите центарци да го направат вистинскиот избор за Центар, за поубава и подобра општина – потенцира Герасимовски.

Поврзани содржини