ГЕРАСИМОВСКИ ИМА МИСИЈА ДА ГО ОБЕДИНИ СДСМ Ќе најдат ли заеднички јазик Филипче и Платформерите после сѐ што си кажаа?

За надминување на разликите е потребна волја од сите страни. Поголемиот дел од Извршниот одбор и партиските функционери можат да дојдат до заеднички јазик, но треба волја за тоа - вели Герасимовски.

0

Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, си задал цел да ги помири претставниците на Платформата 12:05 и лидерот Венко Филипче со цел партијата да се обедини и да се врати на победничките патеки.

– Моја заложба и цел е да ги помирам спротивставените страни. Добро е за секоја партија да има различни ставови, но тоа треба да нè прави посилни. На крајот на денот треба да седнеме сите на маса, да се обединиме и да тргнеме во победа – рече Герасимовски во интервју за ТВ Сител.






Според него, за надминување на разликите е потребна волја од сите страни. Герасимовски нагласи дека комуникацијата со дел од членовите на Платформата продолжува и дека со нив има другарски однос.

– Другарот Иван Ивановски, на пример, беше дел од мојот победнички штаб за изборите и многу ни помогна во победата. И другите се наши членови и, покрај различните ставови, можеме да се најдеме на иста линија. Се согласувам дека двете страни си испратија неубави пораки, но треба да се дискутира за сè. Поголемиот дел од Извршниот одбор и партиските функционери можат да дојдат до заеднички јазик, но треба волја за тоа – посочи тој.

Герасимовски смета дека единството, отворениот дијалог и заедничката стратегија се неопходни за СДСМ да ја врати довербата кај граѓаните.

– Во тек е консолидирање на партијата. Треба да покажеме резултати, да ги сплотиме сите поделени страни, да седнеме заедно на маса и да ја вратиме партијата на победничките шини – додаде тој.

Поврзани содржини