НАМЕСТО ДА РАБОТИ СЕ ЗАИГРАЛА НА АПАРАТИ Вработена украла цел промет од казино, менаџерката открила дека фалат над 800.000 денари

Жена од Волковија осомничена за финансиска злоупотреба во казино во Гостивар, потрошила над 800.000 денари од касата на апарати за игри на среќа.

1,433

Полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода М.П.Ј. (30) од село Волковија, гостиварско, по пријава за финансиска злоупотреба во локално казино.

Според информациите од СВР Гостивар, случајот започнал на 10 октомври 2025 година во 21:40 часот, кога менаџерката на казиното забележала дека од касата недостасува промет во износ од 816.297 денари. Истата пријавила дека осомничената, која била вработена во казиното, си префрлила електронски кредит и ги потрошила средствата играјќи на апаратите за игри на среќа.






М.П.Ј. е задржана во полициска станица за потребите на истрагата, а по комплетирање на документацијата, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава за кривично дело.

Од СВР Гостивар потенцираат дека случајот е во активна фаза и дека се преземаат сите мерки за целосно расчистување на инцидентот.

Поврзани содржини