„И ФИЛИПЧЕ ИСТО КАКО ЗАЕВ ЗА КУФЕРЧЕ ПАРИ ЌЕ ГИ ПРОДАДЕ МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ“ Се докажа дека Заев уште го води СДСМ, посочи ВМРО-ДПМНЕ
Тоа што Заев вели дека не земал куферче пари од Бугарија не значи дека таа изјава е вистинита. Самиот негов обид да се оправда пред јавноста создава сомнеж и отвора прашања за вистинитоста на неговите тврдења, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Се докажа дека Зоран Заев ја води СДСМ, додека Венко Филипче е само статист во целата приказна, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Иако формално Филипче има водечка улога, реалноста покажува дека сите клучни одлуки и насоки доаѓаат од Заев, се додава во соопштението.
„Со јавувањето на Заев се гледа кој е вистинскиот лидер на СДСМ и кој ја има контролата и кој ги влече конците во партијата. Филипче и СДСМ, по наредба на Заев, направија резолуција со која промовираат некакви црвени линии, кои тие веќе ги имаат прегазено и поминато изминативе години, на штета на македонскиот народ. Како што Заев земаше куферчиња од Бугарија, Филипче да одговори какви куферчиња зема тој сега, за да им удоволи на Бугарите, со што ќе си направи уште еден бонбона бизнис“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
А, тоа што Заев вели дека не земал куферче пари од Бугарија не значи дека таа изјава е вистинита, додава ВМРО-ДПМНЕ.
„Самиот негов обид да се оправда пред јавноста создава сомнеж и отвора прашања за вистинитоста на неговите тврдења. Неговата акција за потпишување на бугарскиот договор, не е резултат на политичка волја, туку на финансиски интерес. За сопствени интереси, како што Заев ја продаде државата, така и Филипче е спремен да ги продаде македонските интереси и идентитет за едно полно куферче. Затоа Филипче молчи за Заев, за неговите криминали, бидејќи и тој е поврзан со истите“, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, нема да дозволи уште еден бонбона бизнис, со цел богатење на Заев и Филипче, а распродажба на македонскиот народ, се додава во соопштението на владејачката партија.
СЕ ЈАВИ ШЕФОТ ОД ДУБАИ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ФИЛИПЧЕ Влезе и Зоран Заев во кампањата