ШОКАНТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПОЗНАТАТА АКТЕРКА Ејми Шумер ослабела 13 килограми и се пофалила со „новите“ витки нозе

Комичарката Ејми Шумер неодамна ослабела многу, а признала дека успеала да го направи тоа со помош на лекови за слабеење. Признала дека го земала лекот Mounjaro.

816

Комичарката Ејми Шумер се пофалила со својата импресивна трансформација на социјалните мрежи. Шумер го поминала минатиот викенд во друштво на своите пријателки Алекс Сакс и Џилијан Бел, а дружењето го документирале со заедничка фотографија на која Ејми ги покажува своите „нови“ згодни нозе.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @amyschumer






Ејми носи црн мини фустан со ремен, а го искомбинирала со црни отворени потпетици. Особено ги истакнала своите витки нозе, кои нејзините познати пријатели ги пофалиле во коментарите.

– Какви нозе – напишала актерката Исла Фишер, а актерката Ејми Седарис додала: „Изгледаш неверојатно. Погледнете ги тие нозе.“

– Толку сум лута поради твоите нозе, едвај можам да зборувам со тебе – се пошегувала Кети Грифин.

Ејми неодамна многу ослабнала и признала дека го направила тоа со помош на лекови за слабеење. Во март оваа година, таа за прв пат призна дека го земала лекот Моуњаро (Mounjaro).

– Mounjaro беше одличен – рекла таа, истакнувајќи дека лекот не е покриен од осигурувањето освен ако пациентот нема дијабетес или е сериозно дебел.

– Имам навистина добро искуство со него. И сакам да бидам искрена со вас за тоа – рекла таа и открила дека три години претходно го пробала Оземпик, но ја терал на повраќање.

Поврзани содржини