„ЗАЕВ РЕЧЕ ДЕКА НА СДСМ НЕ МУ ПРИЛЕГА ДА Е ПАТРИОТСКА ПАРТИЈА“ Ученикот Филипче нуди црвени линии, а тоа е уште една отстапка, порача Мицкоски

Кога во СДСМ најмногу се удираат во гради за некаков патриотизам, тие во суштина во тој момент најмногу ја продаваат и предаваат Македонија, рече вечерва во Битола претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

978

СДСМ и ДУИ се подготвени на секоја отстапка, на секој попуст кој може да се направи на штета на Македонија и тоа би го направиле веднаш и сега само да имаат лична корист, истакна вечерва во Битола претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Лидерот на владејачката партија и премиер посочи дека кога од СДСМ се удираат во гради за некаков патриотизам, тогаш најмногу ја продаваат и предаваат Македонија.






– Самиот Заев кажа дека на СДСМ не му прилега да биде патриотска партија, иако денес зад т.н. црвени линии се крие неговиот ученик Венко Филипче. Тие црвени линии се уште една спакувана лага од СДСМ. Кога најмногу се удираат во гради за некаков патриотизам, тие во суштина во тој момент најмногу ја продаваат и предаваат Македонија. Тие го потпишаа договорот со источниот сосед, а со тоа ја отворија Пандорината кутија што претставуваше мотив за неколку години потоа да го прифатат т.н. Бугарски диктат, за кој што самиот Филипче говореше дека практично го чувал идентитетот. И ако го чувал идентитетот, тогаш зошто денеска се потребни црвени линии? Затоа ќе кажам, сè додека е оваа Влада и се додека јас сум претседател на оваа Влада, за нас постојат само едни линии, а тоа се само македонските линии – истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека доаѓа време на одговорност и правда.

– Пред 15 месеци затекнавме распаднат систем, трули институции и напластени проблеми. Темелите градевме полни ео ентузијазам и енергија. Надежта не ја загубивме. Затоа овие избори се одлука за тоа дали ќе продолжиме напред или ќе се вратиме назад. Нашата цел е Битола да биде град на нови перспективи. Со работа, со визија и со искрен однос ќе продолжиме да ја градиме Битола достојна на својата историја. Во оваа прилика на градоначалникот Тони Коњановски му предлагам веднаш на почетокот од вториот мандат  да определи парцела, која ќе ја даде за откуп на млади брачни парови по едно евро за квадрат, ослободени од комуналии. Така младите брачни парови ќе изградат свој дом и тој дом ќе го наполнат со дечиња. Многудетното семејство е највисок патриотски чин – нагласи Мицкоски.

Поврзани содржини