НЕГАТИВНИОТ ПРИРАСТ НА НАСЕЛЕНИЕТО ПРОБЛЕМ И ЗА БИЗНИСИТЕ Дурмиши најавува модерни политики за економски развој

Министерот за економија смета дека финансиските поддршки која ја дава државата за да ги задржи младите мора да бидат надградени со инфраструктура, дигитална поврзаност и поддршка за стартап-екосистемот.

309

Луѓето се најважниот ресурс на едно општество. Знаењето, вештините и креативноста на нашите граѓани се движечка сила за секој развој. Нашата задача е да го задржиме и унапредиме овој капитал, истакна министерот за економија и труд, Бесар Дурмши во своето обраќање на настанот посветен на демографските трендови и претставувањето на заедничката петгодишна програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).

Тој посочи дека државата се соочува со сериозни предизвици – намален наталитет, иселување на млади и стареење на населението, што, како што рече, директно влијае врз јавните услуги и социјалните системи.






– Со Оперативниот план за 2025 година, вреден 40 милиони евра, веќе поставивме темели. Планот опфаќа над 16.000 лица, од кои 65 отсто се млади. Поддржуваме самовработување со грантови до 10.000 евра, обуки и менторство, како и програми за доедукација и преквалификација. Особено внимание посветуваме на инклузијата – жени од рурални средини, лица со попреченост, корисници на гарантирана минимална помош и Ромки -рече Дурмиши.

Тој рече дека програмата со Фондот за население на Обединетите нации  е визија и стратегија за иднината – не само формален документ, туку план со конкретни активности.

– Финансиските поддршки мора да бидат надградени со инфраструктура, дигитална поврзаност и поддршка за стартап-екосистемот. Истовремено, мора да го вреднуваме искуството на повозрасните работници и да обезбедиме услови тие да останат дел од продуктивниот процес – рече Дурмши.

Тој рече и дека иднината на земјата е во луѓето.

-Нашата иднина се мери во луѓето – во секој млад човек, во секој талент, во секој граѓанин кој сака да создава тука, дома. Демографските трендови не треба да ги гледаме како закана, туку како поттик за модерни политики кои ќе ја засилат нашата економија – рече Дурмши.

Поврзани содржини