📽️ ЈАНКО ПАК ИМ ПЕЕШЕ НА ГРЦИ, ЗА ПРВПАТ НЕМАШЕ ПРОБЛЕМ? Колумбиецот ги освојува сите срца со музиката
Имате убав глас. Многу добар глас, рече еден од двајца тинејџери од Грција откако бендот на Јанко им ја засвири „Велат нè нема“. Благодарам. Дали препознавте од каде е песната?, праша еден од бендот. Од Македонија, велат момчињата.
Колумбиецот Јанко продолжува да го освојува интернето пеејќи македонски народни песни. Овојпат тој пак им се јави на луѓе од Грција, но тие, барем за кратко, немаа против пеењето и, како што може да се види од споделеното видео, дури и заиграа на песната.
– Имате убав глас. Многу добар глас – рече еден од двајца тинејџери од Грција откако бендот на Јанко им ја засвири „Велат нè нема“.
– Благодарам. Дали препознавте од каде е песната? – праша еден од бендот.
– Од Македонија – велат момчињата.
Но, потоа почна мало кошкање.
– Дали сакате уште песни? – праша девојка од бендот.
– Не од Македонија. Ние имаме наши песни. Подобра музика – одговори едно од момчињата.
– Ич не се согласувам – им возврати Јанко.
Потоа сепак момчињата прифаќаат да им биде отсвирена уште една македонска песна. Атмосферата повторно стана ведра.
На крајот на видеоповикот едно од момчињата прашува:
– Но да ве прашаме, зошто пеете македонски песни?
– Многу ни се допаѓа оваа земја – одговара Јанко.
Едно од момчињата вели „во ред, во ред“ во мало негодување. Но, Јанко срдечно ги отпоздрави.
– Ви благодарам – им рече тој на крајот на видеоповикот.
Јанко повеќепати досега имаше видеоповици со млади луѓе од Грција, а реакциите често се негативни.