МЕГАН МАРКЛ Е ПОВРЗАНА СО ЕЛИТНИОТ КРУГ НА ЕПШТАЈН? Гислен Мaксвел од затвор со нова „бомба“ за кралското семејство
Во изјава што се појави во медиумите, поранешната соработничка на финансискиот магнат и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, Гислен Максвел, наводно тврдела дека постои документ кој ја поврзува војвотката од Сасекс, Меган Маркл, со елитниот круг на Епштајн.
Гислен Максвел, поранешната соработничка на финансискиот магнат и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, повторно се најде во центарот на вниманието откако преку медиумите излегоа нејзини тврдења за Меган Маркл.
Според написите, Максвел од затвор кадешто издржува 20-годишна затворска казна за учество во шема за трговија со малолетни девојки, упатила изјава во која спомнува постоење на документ што, наводно, ја поврзува војвотката од Сасекс со луѓе од елитниот круг на Епштајн.
Во текстот се наведува дека наводно, документот бил во форма на „CV“ или биографија и содржел информации за активности што Маркл ги имала пред да стане дел од британското кралско семејство. Во нив, наводно, биле опишани средби и настани со богати личности и учество во забави и „социјални сценарија“ организирани од влијателни луѓе од опкружувањето на Епштајн.
Сепак, досега не е понуден никаков доказ дека ваков документ навистина постои, ниту пак дека Меган Маркл имала каква било врска со Епштајн. Од палатата и од страна на војводата и војвотката од Сасекс нема официјална реакција на објавените информации.
Аналитичарите предупредуваат дека треба да се внимава при интерпретацијата на овие тврдења, имајќи предвид дека Максвел е осудена за сериозни кривични дела и дека во минатото често се појавувале шпекулативни приказни поврзани со нејзиното име.
Иако веста предизвика големо медиумско внимание, моментално нема независна потврда за наводите. Се очекува дали Меган и Хари ќе одговорат на овие шпекулации или ќе одлучат да останат без коментар.