СПОРЕД ОН, МОЖНО Е СНИМАТЕЛОТ НА ТРАМП ДА ГО БЛОКИРАЛ ЕЛЕВАТОРОТ Белата куќа бара истрага дали некој намерно го сопрел

Доколку некој во ОН намерно го запрел елеваторот додека претседателот и првата дама се качуваа на него, треба веднаш да биде отпуштен и да се спроведе истрага, објави портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит на социјалната мрежа Икс.

403

Обединетите Нации објавија дека елеваторот што вчера го користеше американскиот претседател Доналд Трамп во седиштето во Њујорк нагло застанал поради безбедносен механизам што можеби го активирал неговиот снимател.

– Снимателот се качувал по елеваторот наназад за да го снима пристигнувањето на американскиот претседател со првата дама Меланија Трамп и можеби ненамерно активирал безбедносна карактеристика кога стигнал до врвот – изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.






За време на својот вчерашен говор од говорницата на Генералното собрание на ОН претседателот Трамп на шега се осврна на инцидентот велејќи: „Доколку првата дама не беше во добра форма, ќе паднеше“.

Белата куќа изрази загриженост дека некој намерно го запрел ескалаторот.

„Доколку некој во ОН намерно го запрел елеваторот додека претседателот и првата дама се качуваа на него, треба веднаш да биде отпуштен и да се спроведе истрага“, објави портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит на социјалната мрежа Икс.

Дужарик, од друга страна, изјави дека снимателот стигнал до врвот на ескалаторот додека претседателот и првата дама се качувале по скалите на дното.

– Во тој момент, ескалаторот застана – рече тој.

Белата куќа сè уште не ги коментираше наодите на ОН.

По проблемот со елеваторот, Трамп се соочи и со дополнителни технички тешкотии додека го почнуваше својот говор пред Генералното собрание на ОН. Тој предупреди дека телепромтерот не работи.

– Можам само да кажам дека оној кој го управува овој телепромтер е во голема неволја – рече тој.

Службеник на ОН подоцна изјави за Би-Би-Си дека Белата куќа во тоа време го управувала телепромтерот, носејќи ги своите лаптопи и поврзувајќи ги со системот на ОН. Службеникот објаснил дека тоа е затоа што знаеле колку брзо треба да се пренесе текстот до претседателот.

📽️ „СРЕЌА ШТО МЕЛАНИЈА Е ВО ФОРМА“ Трамп и првата дама за миг се заглавија на ескалаторот во ОН

 

Поврзани содржини