СУДАР СО АВТОМОБИЛ ЗАВРШИ СО НАПАД По мала сообраќајка 39-годишен маж претепан на „Клинички“
Полицијата потврди дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, откако нападнат маж пријавил инцидент на паркингот кај Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
39-годишниот Н.Д. од тетовското село Џепчиште пријавил во полиција дека бил физички нападнат на паркинг просторот во скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“.
Според информациите на МВР, инцидентот се случил вчера околу 09:00 часот, откако претходно имало сообраќајна незгода на истиот паркинг. Нападот го извршило едно лице, а случајот бил пријавен во СВР Скопје во 11:50 часот.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителот.