НИВНАТА МИЛА ЦАРОВСКА УНИШТИ ЦЕЛИ ГЕНЕРАЦИИ, СДСМ ДА ПРЕСТАНЕ ДА СЕ РЕЗИЛИ Учебници има за сите деца, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбедува учебници, ги покачува платите на вработените во образование и ги решава наследените проблеми, а СДСМ додека беше на власт единствено гледаше да спечали некој ден плус од тендерите во образованието, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ дека учениците немаат учебници.
СДСМ да не манипулира, учебници има за учениите, додека со СДСМ на власт милиони одеа на тендери кои завршуваа во приватни џебови, а учениците учеа од интернет материјали, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Учебници има, а СДСМ упорно продолжуваат да лажат. СДСМ да престане да се резили со вакви празни фрази. Кога веќе излегуваат на прес-конференции и се брукаат со вакви тези, барем нека кажат кој учебник, според нив, фали“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Учебници има и наставата се одвива во најдобар ред, се додава во соопштението.
„Со СДСМ на власт 7 години, ниту еднаш, како на почеток на учебната години, така и во текот на целата, учениците немаа учебници. После 7 години Владата на ВМРО-ДПМНЕ, исто така го реши и проблемот со учебниците по странски јазици, така што за прв пат после нивното владеење учениците ќе учат од стандардизирани учебници, наместо од интернет материјали“, се вели во соопштението.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбедува учебници, ги покачува платите на вработените во образование и ги решава наследените проблеми, а СДСМ додека беше на власт единствено гледаше да спечали некој ден плус од тендерите во образованието, се додава.
„Додека СДСМ трошеше милиони евра за тендери за учебници, парите завршуваа во приватни џебови, а учениците страдаа и учебници не добиваа. Само во учебната 2018-2019 година со преку 27 нови договори склучени во 4 очи фирмите се офајдиле со повеќе од 7,5 милиони евра за набавка на учебници и помошен дидактички материјал за основно и средно образование“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, се додава, исто така, ветуваше студентски град, а на академските граѓани им обезбеди само руинирани домови без основни услови за живеење.
„СДСМ нема да може со лаги и манипулации да ги скрие нивните скандали од седумгодишното владеење, уништување на образовниот сектор и на цели генерации по желбите на Мила Царовска. Одговорност ќе има и тоа за сите криминали и криминални тендери кои, во владеењето на СДСМ, учениците ги оставија без елементарни средства за настава, учебниците, а парите завршуваа по приватни џебови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска ја повика министерката за образование Весна Јаневска да понесе одговорност затоа што, според партијата, учениците и понатаму немаат учебници.
„Власта ветуваше дека секој ученик од 1 септември ќе има учебник, септември одминува, а власта излажа, учебници нема. Илјадници ученици се приморани да учат без учебници, а тие што ги имаат се парталави, стари и оштетени. Родителите не се должни да печатат учебници дома, ниту наставниците да импровизираат. Наместо да преземе одговорност Весна Јаневска прво зборуваше дека проблемот ќе го решела со донации, а вчера смени лента, сега на сите што немаат учебници им вели имате ПДФ формат на интернет. Обврска на Министерството за образование и на власта е секоја учебна година да почне со обезбедени учебници за сите ученици. СДСМ бара МОН веднаш да обезбеди учебници и да ги достави во најкраток можен рок – рече Кузеска.