📷 И ПОЖАРОТ КАЈ БАТИНЦИ НАЈВЕРОЈАТНО Е ПОДМЕТНАТ Огнот се движеше кон селото, ставен е под контрола
Се работи за надмерно подметнат пожар, кој предизвикал паника кај населението дека потвторно е запалена депонијата „Дрисла“, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Имаме целосна контрола врз пожарот над селото Батинци, општина Студеничани, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.

Ангелов информира дека пожарот избил денеска околу 13 часот. Додаде оти се работи за силен пожар.
Тој рече дека има индиции дека е намерно подметнат бидејќи одеднаш се разви поголема линија во долот.
– Поради ветерот кој дуваше, пожарот се ширеше со голема брзина. Скопската противпожарна бригада итно излезе на терен со неколку возила, а и помогнаа два пинцгауери на ДЗС, управувани од полицајци од ЕБР. Но, поради опасноста да биде зафатено и селото Батинци, бидејќи пожарот се движеше во насока на Батинци, по барање на директорот на ЦУК, Муахмед Али испративме и еден хеликоптер на МВР, како и два „ер трактори“ на Дирекцијата, кои помогнаа во брзо воспоставување контрола над овој пожар. Имаме целосна контрола врз пожарот. Има горење уште во долот зад мене, но продолжуваат со дејство „ер тракторите“ и хеликоптерот. Верувам дека набргу ќе биде ставен под апсолутна контрола, а набргу потоа и целосно изгаснат – изјави од терен директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Тој истакна дека се работи за надмерно подметнат пожар, кој предизвикал паника кај населението дека потвторно е запалена депонијата „Дрисла“.
