„СОРАБОТКАТА МЕЃУ ЛЕВИЦА И ДУИ Е ВИДЛИВА“ Не е чудно што гласаат исто во Советот на Град Скопје, забележува Илија Димовски

401

Во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека соработката помеѓу Левица и ДУИ е видлива.

– Град Скопје, се гледа колку пати Левица и ДУИ гласале заедно за сите прашања кои што биле на седница на Совет. По мое мислење, 99,9% Левица и ДУИ гласаат заедно, така што не е чудно. Единствени две политички структури коишто имаат директори на ниво на Град Скопје се Левица и ДУИ – вели Димовски.

Од друга страна пак, Имер Селмани оцени дека таква коалиција не е можна.

– И во јавноста таква една коалиција не може да се перцепира, поради ставовите на Левица кои често пати се во спротивно од желбите на гласачите Албанци во Македонија – додаде Селмани.

Поврзани содржини