УАПСЕНИ МАЖ И ЖЕНА ПО ПРЕТРЕС ВО ТЕТОВО Полицијата им најде 130 грама кокаин
На 16.9.2025 година полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.Н.(60) и 30-годишната С.С., двајцата од Тетово, соопшти МВР.
По извршен претрес во куќа во Тетово уапсени се две лица, соопшти полицијата.
„На 16.9.2025 година во 17.50 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.Н.(60) и 30-годишната С.С., двајцата од Тетово. При претрес во домот и во помошни простории во Театово, каде Ф.Н. престојувал заедно со С.С., извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една ќеса со околу 130 грама бела прашкаста материја, најверојатно кокаин“, соопшти полицијата.
Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.