📷 📽️ ОГНОТ ПРОГОЛТА 20 ВОЗИЛА И ДВА МАГАЦИНИ Полицијата откри детали за пожарот во Пинтија.
Скопје пожар, Кисела Вода огнена стихија, изгорени возила, магацин пожар Скопје, палење сервиси, Орце Ѓорѓиевски пожар, МВР истрага.
Околку 20 возила изгореа во подмеднатиот пожар кој утрово околу 4 часот изби во два објекти, сопственост на Т.С. и А.Ѓ. (47), а од кои дел биле хаварисани и складирани во кругот на објектот на Т.С.
„На местото веднаш излегоа екипи на Бригадата за противпожарна заштита и пожарот беше изгаснат. Повредени лица нема, но како превентивна мерка беа евакуирани жителите од околината и беше исклучена електричната енергија“, соопштија од полицијата.
На местото на настанот веднаш излезе увидна екипа на СВР Скопје, а истрагата за причините продолжува.
Плусинфо дојде до снимката на која може да се види лице во дуксерка како полева и пали возила во раните утрински часови.
Ова е само последниот во низата пожари што го зафатија главниот град во последните денови.
„Еве како организирано се пали низ Скопје. Сценарио за кревање паника и за политички поени“, стои во описот на видеото кое кружи по социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Од Центарот за управување со кризи информираа дека пожарот во Пинтија бил изгаснат во тешка акција на пожарникарите, кои со осум возила се бореле со огнот до раните утрински часови.
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, порача дека станува збор за организирано палење и побара одговорност.
– Некој упорно сака да го потпалува градот и за тоа ќе мора да има одговорност – рече тој, додавајќи дека службите прават надчовечки напори.
Во изминатите денови беа запалени и два сервиси за автомобили во населбата Стаклара.
„После целовечерна борба со три пожари во Скопје, ова утро повторно имаме сериозен инцидент. Огромна благодарност до командирот на Противпожарната бригада и неговите луѓе – вистински чувари на градот,“ напиша Ѓорѓиевски.
Серијата пожари во Скопје предизвикува паника и сомнежи кај граѓаните дека станува збор за смислено сценарио. Полицијата најави дека ќе ги засили контролите и ќе работи на откривање на сторителите.