🎥 ОВЕН КУПЕР СЕ СРЕТНА СО СВОЈОТ ИДОЛ Џејк Гиленхал му даде посебен подарок на младиот колега пред доделувањето на Еми наградите

Младата ѕвезда ја нарече средбата со Џејк Гиленхал свој „приоритет“, а неговата желба се оствари пред  да започне церемонијата за доделување на наградите Еми.

676

Петнаесетгодишниот Овен Купер влезе во историјата со тоа што стана најмладиот актер кој освоил Еми за извонредна споредна машка улога, а неговата вечер беше дополнително збогатена со средбата со неговиот идол, Џејк Гиленхал, кој го изненади со посебен подарок.

Младиот актер од Ворингтон беше награден за неговата брилијантна улога во хит серијата „Адолесценција“ на Нетфликс.






Средба за која сонувал

Купер, кој ја направи оваа своја прва актерска улога, не ја криеше својата желба да се сретне со ѕвездата на филмот „Ноќни хроники“. Во неодамнешното гостување кај Џими Кимел, тој отворено признал: „Сакам да одам таму за доделувањето на Еми наградите, да ги одработам сите медиуми, а потоа цела ноќ да го малтретирам Џејк Гиленхал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jimmy Kimmel Live (@jimmykimmellive)

 

Младата ѕвезда ја нарече средбата со Гиленхал свој „приоритет“, а неговата желба се оствари пред  да започне церемонијата.

Во видео објавено од „Тудум“ на Нетфликс, Гиленхал е прикажан како шета по хотелскиот ходник, признавајќи дека е „нервозен“ додека носи подарок за Купер. Среде интервјуто, додека Купер зборува за тоа како би се чувствувал кога би го сретнал својот идол, во собата влегува  Гиленхал.

– О, Боже!, постојано повторува тинејџерот, целосно изненаден додека познатиот актер го прегрна. Купер го овековечи и моментот на Инстаграм, пишувајќи: „Чест и привилегија е да се сретне икона како Џејк и никогаш нема да го заборавам тоа“.

Подарок за среќа

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Owen Cooper (@owencoooper)

Гиленхал му подаде на својот млад колега мала кутија што содржеше подарок и ја објасни позадината зад него.

Го снимив овој филм (Планината Броукбек) и бев номиниран за Оскар, а еден пријател ми го испрати ова пред тоа. Нешто слично како ова. Тоа е само „среќна патка“ што ја чуваш во џеб. За да ти донесе малку среќа, му рекол тој.

Купер бил воодушевен од златната патка, а Гиленхал се пошегувал: Само наминав затоа што премногу зборуваше за мене, па помислив да го спречам, да го запрам и да го решам.

Се чини дека среќната патка воопшто не била потребна, бидејќи Купер подоцна таа вечер победи.

Поврзани содржини