НИШТО БЕЗ КРАЛИЦАТА Средбата на кралот Чарлс со својот помлад син и внуците не поминал без баба Камила

Маќеата на Хари била дел од приватниот семеен собир, потврдувајќи го она што еден кралски автор го кажува за магазинот „Пипл“ - дека во помирувањето на принцот Хари со кралот Чарлс нема место за преговори во однос на кралицата Камила

1

Кога Хари на 10 јули се сретнал со својот татко во Хајгроув Хаус, заедно со своето комплетно семејство, Меган и децата, принцот Арчи и принцезата Лилибет, Бакингемската палата потврдила дека на приватната семејна средба присуствувала и кралицата Камила.

Според кралската авторка Кетрин Мајер, нејзиното присуство ја одразува едноставната реалност според која таа е неодминлив дел од животот на Чарлс.






– Нема помирување со принцот Хари без неа – изјави Мајер за магазинот „Пипл“.

Од Бакингемската палата соопштиле дека нема да бидат објавени фотографии од средбата, ниту детали за разговорите.

– Подобро е луѓето да не знаат ништо за овие средби. Треба да им се дозволи повторно да ги обноват семејните врски – изјавил извор близок до семејството.

Во своите мемоари објавени во 2023 година, принцот Хари пишуваше за сложените чувства што ги имал по бракот на својот татко со Камила во 2005 година. Тој тврдеше дека таа се обидувала да го подобри својот јавен имиџ и дека поради тоа пласирала во медиумите приказни за него.

– Имав сложени чувства поради тоа што добив маќеа, за која мислев дека ме жртвуваше на олтарот на сопствениот пи-ар – напиша Хари во својата книга.

Подоцна и во интервју за „Good Morning America“, тој обасни:

– Таа имаше углед и имиџ што сакаше да ги поправи. Какви и да биле разговорите, договорите или размените што се случиле на почетокот, била убедена дека тоа е најдобриот начин да го постигне тоа – рече Хари.

Запрашан каков е нивниот однос денес, тој одговори:

– Не сме разговарале долго време. Го сакам секој член од моето семејство, и покрај разликите. Кога ќе се видиме, сме сосема љубезни еден кон друг. Таа ми е маќеа. Не ја гледам како зла маќеа. Ја гледам како личност која се омажи во оваа институција и направи сè што можеше за да го подобри својот углед и својот имиџ, заради самата себе.

Иако поради безбедносни причини Меган и децата не беа со Хари за време на целата посета, тие допатувале во Велика Британија за семејната средба. Тоа беше нивно прво доаѓање во земјата од 2022 година.

– Една од необичностите на монархијата е тоа што сите забораваме дека тие се човечки суштества, бидејќи ја претставуваат институцијата. Но, во суштина, тоа е само едно семејство – а ова семејство помина низ огромни превирања. Без разлика што мислите за монархијата, ова е момент што повеќето од нас сакаа да го видат – заклучила Мајер.

Поврзани содржини