📷 ЌЕ ПЛАЌАМЕ ПАРКИНГ БЕЗ ДА ПРАЌАМЕ СМС ПОРАКИ, ЌЕ КУПУВАМЕ БИЛЕТ ЗА ЖИЧАРНИЦА БЕЗ ДА ЧЕКАМЕ РЕД Орце Ѓорѓиевски ја најави „Скопје сити гоу“ паметната картичка
Картичката ќе има вредност и надвор од јавниот сектор, општествено одговорни компании ќе овозможат преку неа дополнителни услуги и поволности. Така младите ќе добиваат повеќе можности, семејствата ќе заштедат, а компаниите ќе придонесат за подобра заедница, порача Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје.
Нов проект за млади – Скопје сити гоу картичка! Денеска, во присуство на голем број млади луѓе го презентиравме новиот проект од мојата програма за град Скопје, наменет токму за нив, информираше ВМРО-ДПМНЕ.
„Скопје има огромен потенцијал да стане вистински модерен европски град што ќе нуди едноставни, практични и паметни решенија за сите граѓани. Ова е еден од проектите со кој особено се гордеам е Скопје сити гоу – паметна картичка со која сите услуги што ги нуди Градот ќе бидат достапни на едно место. Наместо десетици различни карти, апликации и плаќања, секој граѓанин ќе има една унифицирана и дигитална алатка: Јавен превоз – едноставен пристап без редици, готовина и посебни картички. За младите ова значи повеќе мобилност и слобода. Паркинг без пораки, автомати и губење време. Брзо и практично решение преку самата картичка. Културни и забавни содржини – музеите, кината, театрите, жичарата и зоолошката градина ќе бидат достапни преку едно средство. Повеќе можности за младите, за семејствата, за сите граѓани! Она што ми е најважно, Скопје сити гоу ќе биде симбол и на социјална еднаквост. Средношколците, семејствата со ниски примања, пензионерите, невработените и лицата со попреченост ќе ја добијат бесплатно. За нив, услугите ќе бидат бесплатни или со драстично намалени цени“, се вели во соопштението.
Никој нема да биде изоставен, посочено е таму.
„Картичката ќе има вредност и надвор од јавниот сектор, општествено одговорни компании ќе овозможат преку неа дополнителни услуги и поволности. Така младите ќе добиваат повеќе можности, семејствата ќе заштедат, а компаниите ќе придонесат за подобра заедница. Скопје сити гоу ќе биде достапна и како мобилна апликација, но и како физичка картичка за оние кои ја преферираат класичната форма. Секој, без разлика на возраста и технолошките навики, ќе може лесно да ја користи. Ова е визија за поинакво Скопје, град кој им штеди време и пари на своите жители, кој се грижи за младите и за ранливите категории, и кој ја користи технологијата за да им служи на луѓето. Со Скопје сити гоу започнуваме ново поглавје – модерно, дигитално и европско Скопје“, наведено е во соопштението.