📽️ ПРЕМИЕРОТ ОЛИ ОД НЕПАЛ ИЗБЕГА СО ХЕЛИКОПТЕР, МИНИСТРИ ВИСЕА НА ЈАЖЕ Протестите на „Ген Z“ ќе бидат запаметени како едни од најжестоките во историјата на земјата

Поранешниот премиер побегна со армиски хеликоптер додека градот гореше, јави индискииот медиум Републикворлд. Премиерот Оли не бил единствениот. И други министри, вклучувајќи го и министерот за финансии Пракаш Паудел, биле евакуирани со воени летала откако биле нападнати на улиците од разгневената младина.

3,004

Со воен хеликоптер, едвај држејќи се на јаже, премиерот на Непал К. П. Шарма Оли побегнал од земјата по страотните протести на младите тинејџери во земјата, јави „Бизнис Стандард“.

На 9 септември, на денот кога поднел оставка под притисок на масовните протести на Генерацијата „Z“, поранешниот шеф на владата бил снимен како со поддршка од јаже се качува во армиски хеликоптер, кој го извлекол од Катманду, додека во позадина се гледа чад од запалени автомобили.






Снимките од неговата евакуација масовно се шират на Икс и Јутјуб.

„Поранешниот премиер побегна со армиски хеликоптер додека градот гореше“, јави индискииот медиум Републикворлд.

 

Премиерот Оли не бил единствениот. И други министри, вклучувајќи го и министерот за финансии Пракаш Паудел, биле евакуирани со воени летала откако биле нападнати на улиците од разгневената младина.

 

„Армиските хеликоптери префрлиле некои министри на безбедни локации“, потврди „Сан Франциско Кроникл“.

Во нападот бил повреден и поранешниот премиер Шера Бахадур Деуба. Овие драматични сцени се гледаат и на следното видео на Јутјуб:

Иако се претпоставува дека Оли заминал од земјата, нема официјална потврда за неговата дестинација. Младите во Непал ја нарекоа оваа сцена – „последниот лет на старата елита“.

Воен хеликоптер исто така евакуирал други министри од нивните домови во областa Бајсепати, јави „Катманду пост“, наведувајќи дека армијата интервенирала со хеликоптери за да ги извлече критичните владини лица во безбедни зони среде насилството и палењето низ главниот град.

На протестите во Катманду беа запалени возила, каменувани владини згради и сквернавени домови на политичари – сцени кои ја одразуваат длабочината на гневот кај младата генерација. Домот на поранешниот министер за внатрешни работи Балкришна Кандел бил целосно опожарен, а министерот за финансии Пракаш Паудел бил извлечен од возило и влечен по улица пред да биде спасен, јави „Тајмс оф Индија“. Во хаосот бил повреден и поранешниот премиер Шера Бахадур Деуба.

 

Изгоре и куќата на поранешниот премиер Јала Нат Канал во населбата Далу, додека неговата сопруга, Рајјалакшми Читракар, била заробена внатре и настрадала откако ja затекнале пламените јазици.

Војската сега патролира низ Катманду, обидувајќи се да спроведе полициски час, додека претседателот Рам Чандра Паудел, кој за разлика од премиерот остана во земјата, ги повика демонстрантите на разговор.

Протестите на „Ген Зет“ во Непал избувнаа како директен одговор на контроверзниот предлог-закон за ограничување на социјалните мрежи, кој предвидуваше до 5 години затвор за „злонамерни објави“ и овластувања за владата да ги следи, цензурира и брише содржините на платформите како Икс и ТикТок.

Законот, според младите од генерацијата „Z“, претставува напад врз слободата на говор, транспарентноста и нивната дигитална слобода, во земја каде што интернетот е главен простор за активизам и изразување на незадоволство.

Освен тоа, протестите беа поттикнати и од длабоко разочарување од корупцијата, клановското владеење и недостигот на економски можности.

Законот за социјалните мрежи не беше донесен.

Во текот на минатиот 20 век Непал беше потресен од неколку жестоки народни движења – прво во 1950–51 кога револуцијата ги урна автократските Рана владетели и го врати кралот Трибхуван на престолот, а потоа во 1990 со масовното „Јана Андаолан“ востание, кога илјадници луѓе излегоа на улиците и со судири, штрајкови и блокади го принудија кралот Бирендра да воведе повеќепартиски систем, што остана запаметено како едно од најбурните и најкрвави поглавја во современата историја на земјата.

Поврзани содржини