ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА НЕ МОЛЧИ Петрушевски бара итна истрага за прислушувањето на Мицкоски

501

Јавното обвинителство да не молчи, истрага за следењето и прислушкувањето веднаш, и одговорност за извршителите и наредбодавачите, порача Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– ЈО на Љупчо Коцевски молчи со денови откако се обзнани скандалозно следење на службите на претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени. Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките? Дали молчи затоа што знаел се? СДСМ ги вплетка службите и ЈО во своја шема за опстанок на власт. 5 години следеле се што мислеле дека го загрозува нивниот опстанок на власт. Одговорност за случајот мора да има. ЈО и Љупчo Коцевски да не молчат, туку да почнат да даваат одговори – порача Петрушевски на прес-конференција.

Поврзани содржини