НЕУСПЕШНИТЕ РЕФОРМИ НА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ДОНЕСОА СКАНДАЛИ ВО РАЗУЗНУВАЊЕТО Обвинителството лесно може да утврди кој вршел незаконско следење, посочи Чулев

Реформите на безбедносно разузнавачкиот систем се неуспешни, не ги штитат интересите на државата и на граѓаните, туку ги штитат интересите на одредени поединци и политички структури и затоа пак ни се случуваат злоупотреби, вели Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни работи и поранешен директор на Агенцијата за разузнавање. 

608

Со незаконското користење на капацитетите на Агенцијата за национална безбедност е направена штета врз правата и слободите на граѓанинот, рече Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни работи и поранешен директор на Агенцијата за разузнавање.

– Нанесена е штета врз угледот на државата, разнишана е довербата во институциите од безбедносниот систем. Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност работат по стрикни утврдени правила и принципи на работење, така да многу е лесно да се детектира каде е одговорноста. Во Агенцијата за национална безбедност треба да се утврди дали навистина постоела законска основа за одредено лице да биде таргет на службата. Во медиумите проструеја информации дека се работи за следење на комуникациите, меѓутоа не е само следење на комуникации доколку одредено лице е таргет на службата, има и физичко следење 24/7. Доколку ЈО сака вистински да ја утврди и лоцира одговорноста помеѓу раководителите и вработените, тогаш тоа може да го стори врз основа на известувањата кои што се поднесени до сега, но и врз основа на дигиталната форензика – рече Чулев во гостување на Сител.






Тој посочи дека реформите од времето кога Оливер Спасовски беше раководител на безбедносно разузнавачкиот систем се покажаа како тотално неуспешни.

– Реформите коишто ги правеше Оливер Спасовски, после сите овие злоупотреби на системот, очигледно се неуспешни, бидејќи не ги штитат интересите на државата и на граѓаните, туку ги штитат интересите на одредени поединци и политички структури. Наместо реформите да вродат со плод, во смисла на поголема заштита на интересите на државата и на граѓаните, тие доведоа да сегментите од разузнавачко безбедносниот сектор и самите продуцираат бројни безбедносни скандали и корупциски афери за што бевме сведоци. Реформите се неуспешни и затоа пак ни се случуваат злоупотреби во рамките на разузнавачко безбедносниот сектор – рече Чулев.

Од тие причини, додаде тој, ова е добар поттик за да се спроведат вистински реформи коишто ќе конципираат една модерна разузнавачка служба што ќе биде одговорна, одржлива и транспарентна.

 

Поврзани содржини