📷 1.000 ЗАГИНАА, САМО ЕДЕН ПРЕЖИВЕА ВО СВЛЕЧИШТЕ ВО СУДАН Трагедијата доаѓа среде постојната хуманитарна криза

Пристапот до планините Мара во Дарфур е крајно ограничен за меѓународните спасувачки тимови поради тековните борби кои се водат во регионот и хуманитарната криза. Планините Мара важат за скривалиште на граѓаните кои бегаат од граѓанската војна која избувна во 2023 година. Многу од селата се на раб на глад.

985

Масовно лизгање на земјиште што се случи на 31 август го срамни селото Тарасин во планините Мара во Дарфур, при што загинаа над 1.000 луѓе. Би-Би-Си пренесува дека преживеал само еден човек.

Лизгањето на земјиште доаѓа по неколкудневни обилни дождови.






Суданското ослободително движење кое ја контролира областа апелира до Обединетите Нации и до меѓународните организации за помош во пронаоѓањето и откопувањето на телата. Но, пристапот е крајно ограничен поради тековните борби кои се водат во регионот.

 

Планините Мара се вулкански венец високи преку 3.000 метри. Тие важат за едно од ретките скривалишта на цивили во бегство поради граѓанската војна што избувна во Судан во април 2023 година меѓу армијата и Силите за брза поддршка.

Конфликтот доведе до тешка хуманитарна криза. Стотици илјади лица загинаа, милиони се раселени, а делови од Дарфур се на работ на глад.

Поврзани содржини