📽️ УБИЛ ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ И ПОБЕГНАЛ СО СВОИТЕ ДЕЦА Австралиската полиција трага по убиецот
Инцидентот се случил во утрово, кога полицајците дошле на имот за да извршат претрес поради забраната за поседување оружје.
Двајца полицајци беа убиени, а трет ранет на имот во Порепунка, околу 300 километри североисточно од Мелбурн (Австралија), додека осомничениот маж е вооружен и е во бегство, а според медиумите, тој ги повел со себе сопругата и најмалку две деца, кои ги држи како заложници.
Инцидентот се случил во утрово, кога полицајците дошле на имот за да извршат претрес поради забраната за поседување оружје. Се претпоставува дека во тој момент тие прегледувале напуштен автобус на имотот, кога напаѓачот отворил оган. Потоа им ги зел пиштолите и побегнал со семејството.
Според првичните информации, двајца детективи починале на лице место, додека третиот полицаец бил пренесен во болница. Сè уште не е познато колку се сериозни неговите повреди.
Напаѓачот успеал да избега и по него е започната опсежна полициска потера. На граѓаните им е наредено да останат во своите домови и да ја избегнуваат областа.
Според некои неофицијални информации, се сомнева дека осомничениот е самопрогласен „суверен граѓанин“. Станува збор за движење чии следбеници го отфрлаат авторитетот на државата, законите и даноците и не ги признаваат полицијата и судовите како легитимни институции.