ХИГИЕНИЧАР СЕ ПОВРЕДИЛ ВО ПОЛИКЛИНИКА ЧАИР Работникот бил пренесен во болница, случајот се испитува

Трудов инспектор известен по инцидентот, деталите за повредите се утврдуваат.

126

Во Поликлиника Чаир вчера се случи инцидент во кој хигиеничар се здобил со повреди додека ја извршувал својата работа, соопшти МВР.

„На 24 август 2025 година во 11:57 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нас со повреди бил донесен Ф.Б. (60) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи како хигиеничар во Поликлиника Чаир“, информираа од СВР Скопје.






За настанот бил известен и трудов инспектор, а се преземаат сите потребни мерки за утврдување на околностите под кои дошло до повредата.

Поврзани содржини