СЕВЕРНА КОРЕЈА ТВРДИ ДЕКА ПОСЕДУВА СУПЕРИОРНО И ЕДИНСТВЕНО ОРУЖЈЕ Ким Јонг Ун надгледуваше лансирање нови ракети, дали технологијата е руска?

Јужнокорејски претставници се загрижени дека Пјонгјанг добива руска ракетна технологија во замена за севернокорејските војници кои се борат на страната на Русија во војната во Украина.

596

Северна Кореја во саботата истрела 2 нови противвоздушни проектили за уништување различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА), новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.






Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.

Исто така, во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.

Јужнокорејски претставници се загрижени дека Пјонгјанг добива руска ракетна технологија во замена за севернокорејските војници кои се борат на страната на Русија во војната во Украина.

Поврзани содржини