ПРОБАЛ ДА ЗАОБИКОЛИ ПРЕДМЕТ, ПАДНАЛ СО МОПЕДОТ Неготинец е тешко повреден

Вчера во ОВР - Неготино е пријавено дека во 7:10 часот, на улица Фемо Кулаков, Д.Т., 51-годишен неготинец, управувајќи мопед со неготински регистарски таблици, паднал на коловозот откако се обидел да заобиколи метален предмет што паднал од товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, велат од СВР Велес.

365

Неготинец на возраст од 51 година се здобил со тешки телесни повреди вчера наутро при обид со мопед да заобиколи метален предмет што паднал од товарно возило, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.

„Вчера во ОВР – Неготино е пријавено дека во 7:10 часот, на улица Фемо Кулаков, Д.Т., 51-годишен неготинец, управувајќи мопед со неготински регистарски таблици, паднал на коловозот откако се обидел да заобиколи метален предмет што паднал од товарно возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Д.Ч. од Кавадарци, кое се движело по улицата“, појаснија од СВР Велес.






Повредениот бил пренесен во Општата болница – Кавадарци, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР – Кавадарци.

Поврзани содржини