📽️ ЛАВРОВ ПРИСТИГНА НА АЛЈАСКА ВО БЛУЗОН „СССР“ Министерот е оптимист за преговорите Русија-САД

Рускиот министер одејќи кон хотелот во Енкориџ во Алјаска за новинарите рече дека Русија ќе ја задржи својата јасна, разбирлива позиција, но дека не планира ништо однапред. Тој изрази надеж дека ќе продолжи, како што рече, корисниот разговор, и дека многу во преговорите веќе било направено со средбите меѓу американскиот пратеник Стив Виткоф со рускиот претседател.

2,274

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пристигна на Алјаска за претстојниот руско-американски самит во сив блузон со натписот „СССР“. Снимката која се појави на Телеграм каналот на весникот „Известија“ се прошири на социјалните мрежи. Лавров даде брза изјава одејќи од службениот автомобил до хотелот во Енкориџ.

– Никогаш не планираме ништо однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна, разбирлива позиција. Ќе ја презентираме – рече рускиот министер, одговарајќи на новинарско прашање за проценка на веројатноста за успех на претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат руските медиуми.

 






Тој, исто така, рече дека „многу е веќе направено за време на посетите на специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф“ кој во Москва разговараше со Путин во име на претседателот Трамп.

– Се надевам дека ќе го продолжиме овој корисен разговор.

Трамп и Путин денеска треба да имаат тет-а-тет средба во базата во базата Елмендорф-Ричардсон од Студената воја. За подоцна е најавено да им се придружат и делегации од по 5 преговарачи. Лавров е дел од руската делегација.

Централната тема на состанокот ќе биде решавањето на украинската криза, изјави претходно помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

Поврзани содржини