ОДРЕДЕН ПРИТВОР ЗА ПИШТОЛЏИИТЕ ОД ТЕТОВО, ДВАЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО Полицијата соопшти детали за случајот

Осомничениот Р.Т.(37) повреден во престрелката лежи во болница во Скопје. Против него, против 15-годишникот од Гајре и двете лица М.Т. и З.М. кои се во бегство се поднесни пријави, меѓу кои и пријави за дело убиство, и на сите им е одреден 30-дневен притвор, информираше полицијата.

617

Двајца од осомничените М.Т. и З.М. за пукањето во Тетово од 10 август се во бегство, додека за сите четворица осомничени обвинителството одреди 30-дневен притвор, информираше Министерството за внатрешни работи.

Осомничениот Р.Т.(37) повреден во престрелката лежи во болница во Скопје. Против него, против 15-годишникот од Гајре и двете лица М.Т. и З.М. кои се во бегство се поднесeни пријави за кривично дело „убиство“, за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и  за „тешки дела против општата сигурност“.






МВР даде поконкретни детали за пукањето. Во соопштението се вели дека еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година, кое се затекнало во непосредна близина.

„На 10.08.2025 на улицата Благоја Тоска во Тетово, Р.Т. и 15-годишникот со употреба на автоматски пушки лишиле од живот едно лице, а го довеле во опасност и животот и телото на други лица, вклучувајќи и еден од останатите осомничени. Со автоматските пушки тие испукале повеќе куршуми кон автомобил „голф“, со кои го погодиле сега покојниот, кој бил на возачкото седиште. Два проектили завршиле во градниот кош на совозачот кој здобил тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот. Еден проектил завршил во десната натколеница на дете родено 2012 година, кое се затекнало во непосредна близина“.

Според министерството, иако бил ранет од престрелката, З.М. и уште едно лице извадиле пиштоли и почнале истовремено да пукаат кон возилото кое се оддалечувало и притоа погодиле друго лице кое се здобило со тешки телесни повреди, а куршуми завршиле и во возило на жена чија сигурност исто така била загрозена.

Поврзани содржини