📽📷 ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ СПЛИТ Огнот се доближува до куќите, 155 пожарникари на терен

Подигнати се 3 канадери, на пат е четврти, а пристигнува и „ер трактор“. Засега пожарот се шири кон запад, кон Горња Подстрана, велат пожарникарите.

1,417

Синоќа избувна голем пожар блиску до Сплит, а според хрватските медиуми на терен интервенираат 155 пожарникари со 50 возила.

Пожарот избувнал во населбата Јесеница, општина Дуги Рат, а според снимките на социјалните мрежи и според најновите утрински извештаи, огнот се шири на ридот над куќите и сѐ повеќе пожарникари се обидуваат да ги одбранат објектите од пламените, објави Блиц.






– Подигнати се 3 канадери, на пат е четврти, а пристигнува и „ер трактор“. Засега пожарот се шири кон запад, кон Горња Подстрана – велат пожарникарите.

„Куќите се одбранети“

Тие додаваат дека „куќите се одбранети“ и дека засега немаат дојави за можни штети.

Како што наведуваат медиумите, пожарот е активен, се бранат објектите, а се очекува и помош од канадерите.

„Утрово околу 02:54 часот, над Сумпетар и Јесенице, поточно кај населеното место Старо Село, дојде до избувнување пожар и во тек е гаснењето,“ известуваат медиумите.

Затворен е патот Д8

Тие наведуваат дека од 06:15 часот наутро за целиот сообраќај е затворен патот Д8 од Мутограса до Омиш. Полициските службеници на терен вршат пренасочување на сообраќајот и даваат помош на пожарникарите.

Возачите се повикуваат да ги следат упатствата и наредбите на полициските службеници на терен.

Поврзани содржини