СЕ СТЕПАЛЕ ВО ДВОР НА ЦРКВА ВО ВЕЛЕС Вработен во верскиот објект нападнал жена

465

Во Секторот за внатрешни работи Велес вчера биле пријавени две одделни тепачки што се случиле на различни локации во градот.

Првиот инцидент се случил околу 15:30 часот во дворот на верски објект во Велес. Според информациите од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, по кратка расправија, 70-годишниот Д.Б. од Велес, вработен во верскиот објект, физички ја нападнал 66-годишната Н.Р. од Велес. Потоа, Д.Б. бил физички нападнат од 66-годишниот И.Л. и од 34-годишниот С.Л., двајцата од Велес. Случајот е документиран, и против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни пријави.






Вториот случај бил пријавен попладнето истиот ден, околу 18:30 часот. Триесет и седумгодишниот С.Р. од Велес информирал дека додека бил на работа во угостителски објект, бил физички нападнат од четворица негови колеги: 38-годишниот Д.Д., 45-годишниот Т.А., 50-годишниот С.С. и 38-годишниот Т.Б., сите од Велес.

 

Поврзани содржини