КАДЕ Е СДСМ СЕГА ДА ГО НАПАДНЕ ОБВИНИТЕЛОТ КОЦЕВСКИ? Ги нема да постават прашање за некоја истрага, забележува Петрушевски
Додека СДСМ лажно го напаѓаше главниот обвинител Коцевски, сакајќи да направи привид дека тој работи по закон, тој им ги штитеше функционерите кои беа потонати до гуша во криминал, обвини Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Со месеци СДСМ лицемерно глумеа различни страни со главниот обвинител Коцевски, сè додека не дојде на ред неговата фотеља, па мораа да запрат со глумата и да го спасат, за тој да продолжи да ги штити нив, реагираше Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Додека СДСМ лажно го напаѓаше главниот обвинител Коцевски, сакајќи да направи привид дека тој работи по закон, тој им ги штитеше функционерите кои беа потонати до гуша во криминал. Повеќе од година дена главниот обвинител Коцевски релативизираше за СДСМ и нивните функционери. Ниту еден човек функционер до Заев или Филипче не завршил во затвор, за сите или има спогодби или обвинителството прогледува низ десет прсти кога ги пишува обвиненијата. И сега кога се демаскирани, молчи СДСМ, молчи главниот обвинител Коцевски, ги нема збор да изустат, но важно им е дека сè си тече, Коцевски ќе си седи уште некое време во фотеља, а луѓето на Заев и Филипче ќе останат да бидат заштитени. Овој однос на СДСМ го урива правниот систем и за тоа се директно одговорни. Казната за ваквото држење во заробеништво на правдата ќе дојде на избори. Народот памти и не заборава – порача Петрушевски.