ПОЖАР ВО НОВА БИТОЛА ВО НЕПОСРЕДНА БЛИЗИНА НА „СОЦИЈАЛНИТЕ ЗГРАДИ“ Граѓаните се вознемирија
Командирот на Територијалната против пожарна единица-Битола, Христијан Тодоровски, истакна дека веднаш по дојавата од локалното население, пожарникарите излегле на терен.
Пожар изби синоќа во Нова Битола, каде гореше сува трева и паркова површина, кои се во непосредна близина на станбените објекти.
Во изјава за МИА, командирот на Територијалната против пожарна единица-Битола, Христијан Тодоровски, истакна дека веднаш по дојавата од локалното население, пожарникарите излегле на терен.
– Гори сува трева која е во непосредна близина на станбените згради, познати кај битолчани како „социјални згради“ што се наоѓаат над улицата Игњат Атанасовски. На терен се две екипи кои гаснат и го контролираат теренот бидејќи во моментов огнот е распламтен од силниот ветер што вечерва дува во Битола. Нема сомнеж дека пожарот и подметнат – изјави Тодоровски.
Пожарот којшто беше видлив од повеќе локации на градот предизвика вознемиреност кај граѓаните од Нова Битола.