НЕУСПЕШЕН ОБИД ЗА МИТО НА „ЌАФАСАН“ Полицијата приведе двајцата Албанци кои ставиле пари во документи

Двајца албански државјани се обиделе да го поткупат граничниот полицаец на преминот „Ќафасан“ со пари скриени во документи, но биле откриени и приведени.

1,015

Двајца албански државјани беа приведени од полицијата на граничниот премин „Ќафасан“ во обид да ја напуштат државата со мито скриено во документи.

Како што информира МВР, на 25 јули 2025 година во 12:25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги лишиле од слобода лицата Д.К. (35) и Е.А. (22), двајцата од Албанија.






„При преземање на службени мерки за гранична проверка при излез од државата, лицето Д.К. ставил пари во своите сообраќајни документи и ги приложил на полицискиот службеник, обидувајќи се на тој начин да го подмити“, соопштија од МВР.

По консултација со јавен обвинител, против двајцата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини